РОК ЛЕГЕНДАТА СТИНГ ВЕЧЕРВА ИМА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

    РОК ЛЕГЕНДАТА СТИНГ ВЕЧЕРВА ИМА КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕКонцерто на Стинг во Скопје е дел од светската турнеја за неговиот последен албум „57-ма & 9-та“

    Британската рок легенда Стинг, еден од најзначајните современи музичари во светот, вечерва ќе има концерт во Скопје, во „Борис Трајковски“, како дел од светската турнеја за неговиот последен албум „57-ма & 9-та“.

    Стинг ќе настапи со своите долгогодишни соработници, гитаристите Доминик Милер и Руфус Милер, тапанарот Џош Фрис, а специјален гостин ќе биде неговиот син Џо Самнер.

    „Авалон продукција“ која го организира концертот соопшти дека вратите за фан пит секцијата се отвораат во 18.30 часот, а концертот почнува во 20 часот.

    Концертот беше распродаден за само 10 часа уште на 2 јуни, првиот ден кога билетите беа пуштени во продажба.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира