По неколку дена најави и шпекулации, „Ролинг стоунс“ потврди дека ќе објави нов, 25. албум, кој е насловен „Foreign Tongues“. Тој ќе излезе на 10 јули.
Во исто време беше објавен првиот сингл, „In the Stars“.
Новиот албум и официјално ќе биде најавен на настан во Бруклин денеска, на кој ќе присуствуваат Мик Џегер (82), Кит Ричардс (82) и Рони Вуд (78). Тој излегува три години по последното студиско издание на бендот „Hackney Diamonds“, кој беше прв со нов оригинален материјал од 2005 година.
Од бендот открија дека новиот албум ќе содржи специјално појавување на долгогодишниот тапанар Чарли Вотс, за што е искористена една од неговите последни студиски снимки пред да почине. Гости на албумот се Пол Макартни, Стив Винвуд, Роберт Смит од „Кјур“ и Чад Смит од „Ред хот чили пеперс“.



