СЕМЕЈСТВОТО НА АНТЕ ПОПОВСКИ ПОДАРИ НЕГОВ ОБЕМЕН ФОНД НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБА

    СЕМЕЈСТВОТО НА АНТЕ ПОПОВСКИ ПОДАРИ НЕГОВ ОБЕМЕН ФОНД НА МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНСКАТА БОРБАОваа година се одбележуваат 90 години од раѓањето на Поповски (1931-2003). (Фото: Музеј на македонска борба)

    Семејството на Анте Поповски подари обемен личен фонд од книжевникот, поет, есеист, публицист и општественик на Музејот на македонската борба за самостојност. Од Музејот велат дека во годината во која се одбележуваат 90 години од раѓањето на Поповски (1931-2003), по пат на истражување и подарок обемен личен фонд од исклучително значење за македонската и светската културна историја станува дел од нивниот музејскиот фонд.

    Во збирката има и лични документи и предмети. (Фото: Музеј на македонска борба)

    „Семејството Поповски изјави дека му е задоволство да подари дел од личните предмети од македонскиот книжевник, поет Анте Поповски на нашиот музеј, каде соодветно ќе се чуваат и презентираат“, велат од Музејот.

    Овој личен фонд, велат тие, во форма на материјално сведоштво има моќ самостојно да раскаже повеќе или помалку познати факти за животниот пат на големиот современик.

    Од првичниот увид во личниот фонд и на патот кон неговата трансформација во музејски фонд, прелиминарно материјалот го класифицирале во неколку категории: лични документи и предмети како дипломи, награди, признанија, ордени, други документи за идентификација, потоа документи за професионалната дејност како лични ракописи, кореспонденција, реферати, нацрти, концепти.

    Во збирката има и фотографски материјал како и уметничкото дело портрет на Анте Поповски од Коле Манев.

    „Следни предвидени активности се идентификација, анализа, синтеза, интервју, контекстуализација, изработка на музејска документација, фотографија, снимање и видео материјал на музејскиот фонд, инвентаризирање, презентација на музејски фонд“, велат од Музејот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира