„СЕВЕРЕН ПОЛ“ НА АПЧЕВСКА ПОБЕДИ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО БИЛБАО И ДОБИ КАНДИДАТУРИ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ОСКАР

    „СЕВЕРЕН ПОЛ“ НА АПЧЕВСКА ПОБЕДИ НА ФЕСТИВАЛОТ ВО БИЛБАО И ДОБИ КАНДИДАТУРИ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ И ЕВРОПСКИОТ ОСКАРСо победата во Билбао, „Северен пол“ се квалификува за номинација за Оскар. (Фото: „Кино око“)

    Краткиот филм „Северен пол“ на режисерката Марија Апчевска-Петровска ја освои Големата награда на 63. Интернационален фестивал на документарен и краток филм ЗИНЕБИ во Билбао, Шпанија и со оваа победа се квалификува за кандидат за Оскар. Победниците на овој фестивал кој е од А-категорија по автоматизам се квалификуваат и за учество во трката за Оскар. Номинациите од американската Академија за филмска уметност и наука ќе бидат објавени на 8 февруари 2022, а доделувањето е на 27 март.

    Исто така, фестивалот во Билбао ќе го кандидира „Северен пол“ и за Европските филмски награди за 2022, чие доделување ќе  биде во декември вгодина. Познати и како европски Оскар, овие награди ги доделува Европската филмска академија (ЕФА).

    По премиерата во селекцијата за Златна палма на Канскиот фестивал,  „Северен пол” учествуваше на повеќе од дваесет фестивали во светот.

    Главните улоги во филмот ги играат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирјана А. Николоска.

    Продуцент е Роберт Насков од „Кино око“, а копродуценти Милош Љубомировиќ од „Сервиа филм“, Миодраг Поповиќ од „Форгрејд“ од Србија и Петер Шекереш од „Тиволи продукција“ од Унгарија.

    „Северен пол” е финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Македонија и Српскиот филмски центар.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира