ШАЗЕЛ, БРАЌАТА КОЕН, КУАРОН ОД ДЕНЕС ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНИОТ ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА

    ШАЗЕЛ, БРАЌАТА КОЕН, КУАРОН ОД ДЕНЕС ВО ТРКА ЗА ЗЛАТНИОТ ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈАРежисерот Гилјермо дел Торо е претседател на жирито за 75. издание на Венецискиот филмски фестивал, во кое се и членовите: Силвија Чанг, Трине Дурлом, Никол Гарсија, Паоло Џеновезе, Малгоржата Шумовска, Таика Ваитити, Кристоф Валц и Наоми Вотс (Фото: Ројтерс)

    Седумседет и петтото издание на Венецискиот филмски фестивал почнува денес, со премиерата на „Првиот човек“ на оскаровецот Демиен Шазел за Нил Армстронг. На свеченото отворање, британската актерка Ванеса Редгрејв ќе добие Златен лав за животно дело.

    „Првиот човек“ со Рајан Гослинг заедно со уште 20 филмови ќе се натпреваруваат за главната награда Златен лав. Меѓу фаворитите на годинашнава Мостра која ќе трае до 8 септември се вестернот на Џоел и Итан Коен „Баладата на Бастер Скрагс“, мексиканската семејна драма „Рома“ на Алфонсо Куарон и римејкот на италијанскиот хорор „Суспирија“ од 1970 во режија на Лука Гвадањино, авторот на „Викај ме по твоето име“ кој лани помина одлично кај критиката и публиката.

    Од сите филмови во конкуренција за Златен лав, само еден, „Славејот“ на Џенифер Кинт е дело на режисерка, поради што организаторите на фестивалот добија негативни критики за половата нееднаквост.

    Вон конкуренција ќе игра еден од најочекуваните филмови за годинава, „Ѕвездата е родена“, режисерско деби на актерот Бредли Купер со Леди Гага во главната улога.

    Венециската Моста е најстар филмски фестивал, кој во последниве години лансира филмови што добија Оскари, како „Обликот на водата“ кој доби Оскар за најдобар филм за 2017. „Обликот на водата“ лани го освои Златниот лав, а режисерот Гилјермо дел Торо годинава е претседател на жирито.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира