ШВЕДСКИОТ „ЏИМИ“ ГО ОТВОРА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО РОТЕРДАМ

    ШВЕДСКИОТ „ЏИМИ“ ГО ОТВОРА ФИЛМСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО РОТЕРДАМВо „Џими“, роуд муви за татко и син во бекство, главните улоги ги играат режисерот Јеспер Гансланд и неговиот 4-годишен син

    „Џими“ на еден од најактуелните млади шведски автори Јеспер Гансланд го отвора вечерва 47. издание на филмскиот фестивал во Ротердам, најголемиот настан на независен, авторски филм во светот. Во „Џими“, роуд муви за татко и син во бекство, главните улоги ги играат Гансланд и неговиот 4-годишен син.

    Ротердам затвора на 3 февруари со црната комедија „Смртта на Сталин“ на шкотскиот автор Армандо Ијанучи, кој е дел од фестивалската тема Историја на сенките, што ја истражува моќта на филмот одново да го допре и вреднува минатото.

    Настан на фестивалот е специјалната проекција со филхармониска придружба на „Фантомска нишка“ на оскаровецот Пол Томас Андерсон, што вчера доби номинации и за најдобар филм, режија и актер за Даниел Деј Луис, кој најави дека ова му е последна улога во кариерата

    Ротердам има оригинална селекција за награди – дебитантски или втори филмови на авторите, и во конкуренција за Златен тигар се 8 филма што ќе се натпреваруваат за награда од 40.000 евра, како и специјално признание од жирито со 10.000 евра.

    „Годинашната селекција за Тигар има дела од смели автори кои храбро се впуштаат во нови територии. Сите комбинираат релевантни приказни и теми – како израелско-палестинските односи видени низ очите на двајца љубовници, последиците од Олимпијадата во центарот на Рио, или концептот за неизбежниот крај на светот – со јасна синематска форма“, вели директорот на фестивалот Беро Бејер.

    Во конкуренција за Тигар е и „Дјон Африка“, првиот игран филм на документаристите Жоао Милер Гера и Филипа Рајс, игрива одисеја на 25-годишен португалски растафаријанец во потрага по татко му и својот идентитет.

    Меѓу гостите се и актерката Шарлота Ремплинг, и режисерите Лукреција Мартел, Апичатпонг Верасетакул и Пол Шредер кои ќе одржат мастеркласови

    Во селекцијата Светла иднина има 48 светски премиери на филмови од млади автори кои се во трка за наградата од 10.000 евра.

    Ротердам затвора на 3 февруари со црната комедија „Смртта на Сталин“ на шкотскиот автор Армандо Ијанучи

    Настан на фестивалот е специјалната проекција на „Фантомска нишка“ на оскаровецот Пол Томас Андерсон, што вчера доби номинации и за најдобар филм, режија и актер за Даниел Деј Луис, кој најави дека ова му е последна улога во кариерата. Филмот ќе игра со музичка придружба на Ротердамскиот филхармониски оркестар, што ќе ја свири музиката на постојаниот соработник на Андерсон и член на „Рејдиохед“ Џони Гринвуд. Режисерот Андерсон ќе присуствува на проекцијата и е гостин на фестивалот.

    Меѓу гостите се и актерката Шарлота Ремплинг, и режисерите Лукреција Мартел, Апичатпонг Верасетакул и Пол Шредер кои ќе одржат мастеркласови.

    М. КОСТОВА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира