„Силјан“ на режисерката Тамара Котевска ја освои наградата за најдобар документарен филм на 41. доделување на наградите за документарни филмови на ИДА во Лос Анџелес, со што значително се зголемија шансите за номинација за Оскар. Жан Дакар, кинематограферот на „Силјан’, а исто така е продуцент заедно со Котевска и Ана Хашми, ја освои наградата на ИДА за најдобра камера.
Ова е една од најважните награди за документарци, а ја доделува Меѓународната Асоцијација за документарни филмови ((International Documentary Association) – ИДА, а „Силјан“ покрај овие две категориии каде победи беше номиниран и за најдобра режија.
„Да се вратиш после 6 години во Лос Анџелес, и да ја освоиш главната награда за најдобар документарен филм, откако „Медена земја“ ја освои наградата за најдобра камера и ‘Раре Лоренц’ во 2019 е неописиво. Ова е мојот омилен документарен настан и ова е мојот најважен филм досега! Премногу сум среќна сум тука денес. Честитки до целиот наш прекрасен тим, особено до кинематограферот Жан Дакар за освојувањето на наградата за најдобра камера. Ја посветувам оваа награда на сите независни документарни режисери низ целиот свет кои минуваат низ најтешките и најнезамисливит пречки за да оживеат еден филм! Продолжете да се борите, соработници воини, документарни воини. Ние навистина правиме промена во овој свет’, рече Котевска во објава на нејзиниот фејсбук профил.
„Силјан“ ги победи конкурентите за најдобар филм „Апокалипса во тропските предели“, „Животот потоа“, „Семиња“ и „Песни на бавно горечката земја“. Мали, „Ниту една друга земја“ ја освои наградата Најдобар документарен филм на наградите на ИДА, на потоа освои и Оскари.
Добитниците на наградите за најдобар долгометражен документарец и најдобар краток документарец беа одредени со гласање на членовите на ИДА. Победниците во другите категории беа одредени од комисии составени од документарни професионалци од целиот свет.
Доделувањето на наградите ИДА се случи непосредно пред почетокот на гласањето за потесниот круг за номинациите за Оскар, кое започнува на 8 декември и трае до 12 декември. Потесните листи во 10 категории за номинација за Оскар ќе бидат објавени на 16 декември. Во категоријата долгометражен документарец, се квалификуваа рекордни 201 филм.
Номинациите за Оскарите ќе бидат објавени на 22 јануари 2026, а доделувањето е на 15 март.
Минатата недела „Силјан доби и номинација за најдобар филм престижната американска награда Независен дух (Independent Spirit), која е предвесник на Оскарите.
- „СИЛЈАН“ НА КОТЕВСКА МЕЃУ ПЕТТЕ НОМИНИРАНИ ЗА НАГРАДАТА НЕЗАВИСЕН ДУХ, ПРЕДВЕСНИКОТ НА ОСКАРИТЕ
- „СИЛЈАН“ НА КОТЕВСКА ПО АМЕРИКАНСКАТА ПРЕМИЕРА ОПИШАН КАКО ЕДЕН ОД НАЈДОБРИТЕ ДОКУМЕНТАРЦИ ЗА 2025
„Силјан“ е македонски кандидат за Оскар за Најдобар странски филм за 2026, a во септември „Нешнл џиографик документари филмс“ (National Geographic Documentary Films), еден од најреномираните светски дистрибутери на документарци го откупи за прикажување. Со ова „Силјан“ е кандидат за номинација за Оскар во две категории – Најдобар странски филм и Најдобар документарец. На 28 ноември ја имаше американската кинопремиера во Ај-Еф-Си (IFC) Центарот во Њујорк.
Во 2020, документарецот „Медена земја“ на Котевска и Љубо Стефанов имаше историски две номинации како прв филм што е номиниран и за Најдобар документарец и за Најдобар странски филм.



