СИМЕОН МОНИ ДАМЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“

    СИМЕОН МОНИ ДАМЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА ФЕСТИВАЛОТ „БРАЌА МАНАКИ“Актерот и продуцент Симеон Мони Дамевски ќе има мандат од 2 години во „Браќа Манаки“. (Фото: ДФРМ)

    Актерот и продуцент Симеон Мони Дамевски е новиот директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ со мандат од две години, соопшти Друштвото на филмски работници (ДФРМ).

    „Мони Дамевски ја презентираше предлог програмата на фестивалот и се заложи дека ќе работи на зачувување на реномето што го има овој интернационален фестивал на филмска камера“, велат од ДФРМ.

    Дамевски дипломирал актерство на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а магистрирал на Ратгерс, државниот факултет на Њу Џерси во САД, каде од 1990 до 1992 година бил и асистен по глума.

    Во 40-годишната кариера играл в театар и на филм („Пред дождот“ и „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ мегу другите), продуцент е на „Враќање“ и „Војната заврши“ на Митко Панов и на 6 документарци, а очекува и продукција на две негови филмски сценарија. Син е на еден од легендарните македонски актери, Дарко Дамевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира