СКОПСКИОТ МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ДОБИ СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА КРЕАТИВНОСТ ОД СЛОВЕНИЈА

    СКОПСКИОТ МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ ДОБИ СПЕЦИЈАЛНО ПРИЗНАНИЕ ЗА КРЕАТИВНОСТ ОД СЛОВЕНИЈАНа свеченоста во Посавскиот музеј во Брежице, во името на МСУ, признанието го прими националниот претставник на земјава во „Форумот на словенски култури“, Гордан Николов (прв од десно). (Фото: Министерство за култура)

    Музејот на современата уметност (МСУ) од Скопје доби специјално признание за креативност во рамките на наградата Жива за најдобар словенски музеј, соопшти Министерството за култура. Наградата ја доделува Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“ со седиште во Љубљана, Словенија.

    На свеченоста во Посавскиот музеј во Брежице, во името на МСУ, признанието го прими националниот претставник на земјава во „Форумот на словенски култури“, Гордан Николов.

    „Новиот поттик што Музејот го дава на широката дисеминација на уметничките колекции и на важноста на современото уметничко изразување, демонстрира напредок и натпреварувачки дух со интензивно инвестирање во трансформацијата на неговиот просторен капацитет и презентација на колекциите и општествено одговорните проекти.  Музејот успеа да создаде културна платформа за уметничка современа продукција – национална и меѓународна, промоција и истражување на сегашноста и идентитети кои служат за обележување на промените во времето“, стои меѓудругото во одлуката на жирито.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира