СЛАВА ЗА АРХИТЕКТОТ БРЕЗОВСКИ, КОЈ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА БРУТАЛНОТО БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ МОДЕРНИЗАМ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЛАВА ЗА АРХИТЕКТОТ БРЕЗОВСКИ, КОЈ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА БРУТАЛНОТО БРИШЕЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ МОДЕРНИЗАМ

     

    Професорите и студентите на Архитектонскиот факултет во Скопје со комеморативна седница денеска му оддадоа почит на својот учител, професорот Славко Брезовски кој почина на 5 март на 95 години. Во емотивна атмосфера, со видлив респект кон својот професор и кон неговите човечки и професионални принципи, говореа професорите Минас Бакалчев, Мартин Гулевски, Михајло Волкановски, Митко Хаџи-Пуља и Анета Христова.

    За еден од доајените на македонската модерна архитектура, автор од првата генерација македонски архитекти кој има огромни заслуги и голем број проекти зад себе меѓу кои се стоковната куќа НАМА (сегашна „Сити галери“),Работничкиот дом, Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје, хотелот „Попова Шапка“, се зборуваше и за неговиот пристап во значајните стамбени комлекси кои го сменија начинот на гледање на домувањето, а беше истакнато и неговото влијание на гледањето на македонската куќа со спојот на мијачката архитектура и модерните визури на градовите.

    Професорот Брезовски, кој е автор и на зградата на некогашната стоковна куќа НАМА (сега „Сити галери“), која владата на ВМРО-ДПМНЕ ја преслече во барок, доживеа да го види уништувањето на сопствените дела, но не остана нем сведок на тој културен масакр. На својата 94-годишна возраст храбро и одважно како што ја градеше, застана да ја обрани својата архитектура, заснована на јасните и цврсти принципи на модернизмот; - професорите Грчев, Токарев и Константиновски на комеморацијата на Архитектонски факултет (Фото: СДК.МК)

    Професорот Брезовски, кој е автор и на зградата на некогашната стоковна куќа НАМА (сега „Сити галери“), која владата на ВМРО-ДПМНЕ ја преслече во барок, доживеа да го види уништувањето на сопствените дела, но не остана нем сведок на тој културен масакр. На својата 94-годишна возраст храбро и одважно како што ја градеше, застана да ја обрани својата архитектура, заснована на јасните и цврсти принципи на модернизмот; – професорите Грчев, Токарев и Константиновски на комеморацијата на Архитектонски факултет (Фото: СДК.МК)

    Професорите се сеќаваа на учителот и неговите човечки особини па ја истакнаа неговата скромност, рекоа оти беше автор кој беше шкрт на зборови, а силен во архитектонската мисла, професор на кого му веруваа. Хаџи-Пуља рече оти на овој денешен ден кога архитектите се сеќаваат на професорот, во истовреме се преиспитуваат колку всушност ги применуваат вредностите на кои тој ги учеше.

    Професорката Христова не го заобиколи денешниот миг во архитектурата, па додаде: „Денес, кога идентитетските одредници на македонскиот модернизам се бришат од колективната и општествената меморија на брутален начин, физички и идеолошки, културолошкото прашање за суштествувањето на македонската архитектура кое го поставуваат македонските модернисти добива ултимативно, симболично значање. Професорот Славко Брезовски доживеа да го види уништувањето на сопствените дела, но не остана нем сведок на тој културен масакр. На својата 94-годишна возраст храбро и одважно како што ја градеше, застана да ја обрани својата архитектура, заснована на јасните и цврсти принципи на модернизмот, којшто сѐ уште ја поседува најбогатата дидактичка хипотека на проектантските хипотези кои се релевантни за кој било архитектонски дискурс“.

    Таа додаде дека таа лекција за човечкиот и професионален интегритет кој опстојува докрај можеби нема да може да се најде во прирачниците за архитектонско проектирање, но дека е длабоко врежана во архитектонското кредо на Катедрата за проектирање згради на Архитектонскиот факултет, од каде што ќе продолжат да се шират сфаќањата на Срезовски за модерно и еманципирано општество.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари