СОЛУНСКИОТ ФЕСТИВАЛ СЕ ВРАЌА В КИНО СО 200 ФИЛМОВИ

    СОЛУНСКИОТ ФЕСТИВАЛ СЕ ВРАЌА В КИНО СО 200 ФИЛМОВИСолун отвора вечерва со венецискиот победник „Настан“ на Одри Диван. (Фото: ТИФФ)

    Филмскиот фестивал во Солун, најголемиот во регионот, се враќа в кино од вечерва кога 62. издание се отвора со венецискиот победник „Настан“ на Одри Диван, а ќе се затвори на 14 ноември со „Париз, 13 кварт“ на Жак Одијар. По пандемиската кинопауза, Фестивалот в кино ќе прикаже 200 филмови, а онлајн ќе одат 144.

    „Во ерата на дезориентација и конфузија, каде сè изгледа како да се сменило, имаме обврска одново го да откриваме очигледното. Најпрво и најдобро – љубовта“, вели уметничкио фдиректор на фестивалот Орестис Андреакис.

    За првпат, Солун ќе има 3 натпреварувачки селекции, а зголемен е и бројот на наградите. Во главната конкуренција за Златен Александар и 10.000 евра се тркаат 14 филмови, дебија или втори дела на авторите.

    Дебито на Дина Дума „Сестри“, македонскиот кандидат за Оскар, во Солун ќе ја има и грчката премиера. (Фото: ТИФФ)

    Трета година по ред, во селекцијата Запознај ги соседите за наградата од 8.000 евра ќе има 12 филмови од Југоисточна Европа, Источен Медитеран и Блиски Исток, а тука ќе игра и косовскиот „Вера сонува за морето“ на дебитантката Калтрина Красниќи во кој копродуцент е и Македонија.

    Популарната селекција Со филмот напред е унапредена во конкуренција за награда од 8.000 евра со 11 дела, а организаторите велат дека е за филмови кои „мислат вон границите“.

    Во можеби најпопуларната програма Балканско истражување ќе игра и дебито на Дина Дума „Сестри“, македонскиот кандидат за Оскар, што во Солун ќе ја има и грчката премиера.

    Годинава, Солун ќе има и посебен портрет на опусот на бугарската режисерка Бинка Жељазкова, првата жена што режирала филм во Бугарија, но која е генерално непозната вон границите на земјата. (Фото: ТИФФ)

    Фестивалот ќе има и голема програма во чест на монтажата насловена „Измонтирано: Монтажата и нејзините тајни“, каде 9 врвни монтажери од Грција и светот ќе одржат мастеркласови за своето искуство, а имаат и посебна програма со филмови кои врз нив имале најголемо влијание. Годинава ќе има натпреварувачка програма за подкасти, со 16 грчки и англиски во конкуренцијата за награди и 10 вон конкуренција.

    Годинава, Солун ќе има и посебен портрет на опусот на бугарската режисерка Бинка Жељазкова, првата жена што режирала филм во Бугарија, но која е генерално непозната вон границите на земјата.

    М. КОСТОВА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира