„ТАНЕЦ“ СЛАВИ 70 ГОДИНИ СО МОНОГРАФИЈА ЗА АНТОЛОГИСКИТЕ КОРЕОГРАФИИ И КОНЦЕРТ СО СРПСКИОТ АНСАМБЛ „КОЛО“

    „ТАНЕЦ“ СЛАВИ 70 ГОДИНИ СО МОНОГРАФИЈА ЗА АНТОЛОГИСКИТЕ КОРЕОГРАФИИ И КОНЦЕРТ СО СРПСКИОТ АНСАМБЛ „КОЛО“Пред концертот, во 19 часот во фоајето на МНТ ќе биде промовирана книгата „Остани во чекор“ , посветена на десет антологиски кореографии од репертоарот на „Танец“ од етномузикологот Кирил Тодевски.

    Со промоција на монографија за десет антологиски кореографии и новогодишен концерт, Ансамблот за народни песни и ора за  „Танец“ вечерва во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) ќе ја заокружи прославата за 70 години постоење. „Танец“ вечерва заедно со своите гости од Србија, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Коло“, ќе ги изведат антологиските кореографии на „Тешкото“, Невестинското“, „Драчевка“, потоа уникатното „Старобосанско немо коло“, српските игри од Стара Планина, од Западна Србија и Босилеградскиот крај, како и повеќе оркестарски ора и песни, меѓу кои и познатото „Касапско оро“, популарните „Не стој Доне, Донке“, „Ој, Мораво“ и многу други.

    На сцената ќе има над 120 учесници.

    Монографијата изобилува и со богат фотографски материјал од архивата на „Танец“.

    „Своевиден куриозитет на концертот е премиерната изведба на новата кореографија ‘Радовишки собор’ на нашиот истакнат играорец и кореограф Јовица Блажевски, претставник на последната генерација кореографи на ‘Танец’. Блажевски подолг период го истражуваше Радовишкиот Регион и од собраните материјали на теренот одбра новата кореографска творба да ја темели врз изворни радовишки соборски. Музичката обработка на хармоникашот, композитор и аранжер Дарко Илиевски, воедно и член на оркестарот на ‘Танец’“, велат од Ансамблот.

    Пред концертот, во 19 часот во фоајето ќе биде промовирана книгата „Остани во чекор“ , посветена на десет антологиски кореографии од репертоарот на „Танец“, а автор е познатиот македонски етномузиколог Кирил Тодевски. Преводот на англиски е на Марија Џонс, а издавач е „Арс ламина“. Публикацијата содржи комплетни нотографии за сите десет кореографски постановки направени од Марко Коловски, а изобилува и со богат фотографски материјал од архивата на ансамблот.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира