ТАНЦОВ ДОПИР ВО КОРОНАКРИЗА – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД 16. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

    ТАНЦОВ ДОПИР ВО КОРОНАКРИЗА – ФОТОГАЛЕРИЈА ОД 16. ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ„Потрага по допир“ беше темата на годинашниот Танц фест Скопје, кој се одржа под строг протокол во услови на пандемија. Од првата вечер на Танц фест. (Фото: Д. Перковски)

    Танцов маратон со македонски кореографи, танчари, како и уметници од САД имаше изминативе два дена во Скопје, на 16. издание на Танц фест, под мотото „Потрага по допир“.

    Од синоќешната вечер на Танц фест. (Фото: Д. Перковски)

    Еден од најомилените и најочекувани настани за македонската публика кој секоја година се одржува во април, годинава поради коронакризата беше преместен за септември. Танчарите настапуваа два дена на импресивна сцена на отворено во паркот кај Младинскиот културен центар (МКЦ), а целиот фестивал се одржа со строг протокол за заштита според препораките на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

    Стефанија Гаштарска од Рисима Рисимкин ја прими наградата Менада за најдобар млад уметник. (Фото: Д. Перковски)

    „Многу е напорно, вака во два дена да се организираат толку многу кореографии, ама некако баш беше прекрасно и сѐ течеше одлично. Многу се радувам што во оваа ситуација имавме одлично издание на Танц фест“, ни изјави уметничката директорка на Танц фест, Рисима Рисимкин.

    Од синоќешната вечер на Танц фест. (Фото: Д. Перковски)

    Првата вечер беа доделени и наградите на фестивалот, Менада за животно дело за Џоан Мајерс Браун, американска танцова легенда, која во видеопораката кажа дека е искрено почестена од признанието, и Менада за најдобар млад уметник за 19-годишната балерина Стефанија Гаштарска, прва македонска балерина која се вработи во престижниот руски театар Бољшој.

    Танц фест годинава беше посветен на македонските танчари и кореографи, а земја во фокус беше САД; – Од првата вечер на Танц фест. (Фото: Д. Перковски)

    Б. НЕСТОРОСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари