Квентин Тарантино го подготвува својот десетти и последен филм, чиј работен наслов е „Филмски критичар“ (The Movie Critic). Повикувајќи се на добро упатени извори, „Холивуд рипортер“ објави дека Тарантино ќе почне да го снима филмот наесен.
Деталите за филмот се држат во тајност, но изворите велат дека приказната е сместена во 1970-ите во Лос Анџелес и ќе се фокусира на женски лик. Постои можност дека филмот ќе биде за Полин Каел, една од највлијателните филмски критичарки на сите времиња, која почина во 2001.
Претходниот филм на Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“, освои два оскара во 2020 и заработи 877 милиони долари на светско ниво.
Тарантино долго време кажува дека сака да сними само десет филмови и да се пензионира пред 60. година.
„Сакам да запрам во одреден момент. Режисерите не стануваат подобри како што стареат. Вообичаено, најлошите филмови во нивната кариера се оние последните четири“, кажа Тарантино во интервјуто за „Плејбој“ од 2012.