ТЕОНА И ЛАБИНА МИТЕВСКИ РЕНОВИРАА ЧИТАЛНА ВО НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЗА СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ ФИЛМ

    ТЕОНА И ЛАБИНА МИТЕВСКИ РЕНОВИРАА ЧИТАЛНА ВО НУБ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ЗА СНИМАЊЕТО НА НОВИОТ ФИЛМ„Свесни сме дека македонската историја се наоѓа внатре, во депоата. Со сиот респект дојдовме овде, но ќе се потрудиме да помогнеме и како филмаџии“, вели Лабина Митевска. (Фото: К. Попов)

    Режисерката Теона Стругар Митевска деновиве во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје го снима својот нов филм „Најсреќниот човек на светот“. Филмот на Митевска доби поддршка на конкурсот на Агенцијата за филм во јули 2020, 30 милиони денари (500 илјади евра), а поддршка доби и од Еуримаж на втората сесија годинава.

    Македонски продуцент е „Сестри и брат Митевски“, во копродукција со Босна и Херцеговина, Хрватска, Белгија и Данска.

    Во НУБ ќе снимаат уште три недели, а потоа ќе снимаат уште една недела во Сараево.  (Фото: К. Попов)

    Продуцентката Лабина Митевска денес кажа дека пет-шест месеци ја барале локацијата, бидејќи цел филм се случува во една просторија.

    „Се одлучивме да биде во овој прекрасен објект. Најголем дел од филмот, односно четири недели го снимаме во НУБ. Ја окупиравме Библиотеката, веќе два и пол месеца сме тука. Визуелниот аспект на специфичната архитектура на самиот објект е тоа што најмногу ја фасцинираше Теона. Секако нѐ воодушевија и луѓето кои работат тука, кои се пред сѐ историчари, професионалци кои со отворени раце нѐ дочекаа, но  бевме и разочарани од целата состојба во која ја најдовме  библиотеката“, рече Митевска.

    Новинарите денес се најдоа среде сет на новиот филм, за време на прошетката низ институцијата со министерката за култура Ирена Стефоска и в. д. директорката Јелисавета Костадинова, кои апелираа до општествено-одговорните компании за помош и поддршка на чуварот на националното богатство.

    „Свесни сме дека македонската историја се наоѓа внатре, во депоата. Со сиот респект дојдовме овде, но ќе се потрудиме да помогнеме и како филмаџии. Ја реновиравме големата читална каде снимаме, поставивме два големи климатизера, но ова е само почеток“, рече Лабина Митевска.

    Во НУБ ќе снимаат уште три недели, а потоа ќе снимаат уште една недела во Сараево.

    Б. НЕСТОРОСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира