ТЕШКО НА ДРЖАВАТА НА КОЈА СТАРЦИ Ѝ ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ, ВЕЛИ ЕКИПАТА НА „ЛЕНА И ВЛАДИМИР“ НА ИГОР АЛЕКСОВ ШТО ВЕЧЕРВА ГО ЗАТВОРА „БРАЌА МАНАКИ“

    ТЕШКО НА ДРЖАВАТА НА КОЈА СТАРЦИ Ѝ ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ, ВЕЛИ ЕКИПАТА НА „ЛЕНА И ВЛАДИМИР“ НА ИГОР АЛЕКСОВ ШТО ВЕЧЕРВА ГО ЗАТВОРА „БРАЌА МАНАКИ“Русјаков, Климоска, Кардалевски, Алексов и Наумовски на денешната прес-конференција во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Со премиерата на македонскиот филм „Лена и Владимир“, дебито на Игор Алексов, вечерва се затвора Интернационалниот фестивал на филмска камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола“. Главните улоги ги играат Сара Климоска и Тони Наумовски, а претставени се и горливи проблеми од современото македонско општество. По „Браќа Манаки“ скопска кинопремиера ќе има на 19 октомври.

    На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК  на денешната прес-конференција, дали пораката на филмот е дека народот ја презема правдата во свои раце, продуцентот Дејан Илиев рече дека филмот ги критикува  состојбите во државата.

    „Кога старци треба да ги решаваат проблемите во државата, тешко на таа држава“, рече Илиев.

    Филмот е снимен по дело на Александар Русјаков. За да го долови ликот на Владимир, Наумовски носел комплицирана маска на лицето која му ја качувала телесната температура за 10 степени.

    „Маската се ставаше околу 4 часа секој ден. Снимавме по 12 саати, значи ангажиран бев 16 саати секој ден. Под таа маска температурата на телото достигнува 10 степени плус. Ние снимавме во јули, а јас претходно за да се подготвам физички дека ќе снимам на плус 40 степени, во Њујорк, каде подолго време живеам, почнав да возам велосипед со зимска опрема на жешки деноиви. Тоа ми помогна. Маската го ограничуваше изразот на лицете и на говорот. Малку кажував, но зато се појави магија во мојот внатрешен свет што се покажа преку тонот на гласот“, рече Наумовски.

    Режисерот Игор Алексов рече дека искористиле 30 маски и ако не бил Наумовски, никој друг актер немло да го издржи тоа. Наумовски за актерката Климоска рече дека иако не носела маска, светела и во филмот и во македонската кинематографија.

    „Кога почнавме да снимаме, тоа беше моја прва главна улога во филм и влегов доста интуитивно за ликот да биде што пореален“, рече Климоска.

    Кинематограферот Душан Кардалевски рече дека оваа приказна е магичен реализам, па користел различни типови на објективи за да се прикаже различните светови на Лена, Владимир и на селаните. Филмот се работеше долго време , од 2018.

    „И ние сме мајстори исто толку колку што се и филмаџиите во Америка, само цифрата која го одредува буџетот е различна. На масата седам со мајстори кои се маѓ епсници и создаваат волшепство во сите сегменти во кои работат“, рече Наумовски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира