Тубистот Мицко Дамњановски е нов уметнички директор на Операта, објави Националната опера и балет (НОБ). Дамњановски доаѓа на местото на диригентката Бисера Чадловска, која беше уметнички раководител од септември 2017 година.
Дамњановски во 2002 дипломирал на Факултетот за музичка уметност, отсек – туба, а магистрирал 2006 на Кралскиот конзверваториум за музика во Брисел, Белгија, отсек – туба. Пред вработувањето во Оркестарот на НОБ во 2007, кратко време работел во Бриселската филхармонија.
Постојан член е на меѓународниот оркестар за снимање филмска музика ФАМЕС, соработник на сите помали и поголеми оркестри формирани за посебни намени („Биг бенд“, Дувачки оркестар, Градски оркестар и други, како и гостин тубист во Нишкиот симфониски оркестар, Национална опера-Тирана, Црногорски симфониски оркестар. Во 2019 го основал „Брасстет Скопје“, со кои настапувале на Охридско лето и на други фестивали во земјава.
Б. НЕСТОРОСКА