УМЕТНИЦИТЕ ЕЛЕНА ЧЕМЕРСКА И ДЕНИ СТОЈАНОВ МЕЃУ 100-ТЕ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА ОД ХОЛАНДСКИОТ ПРИНЦ КОНСТАНТИJН

    УМЕТНИЦИТЕ ЕЛЕНА ЧЕМЕРСКА И ДЕНИ СТОЈАНОВ МЕЃУ 100-ТЕ ДОБИТНИЦИ НА НАГРАДАТА ОД ХОЛАНДСКИОТ ПРИНЦ КОНСТАНТИJНОваа награда се доделува на млади уметници и културни работници во подем во првите 5 години од нивната кариера. (Фото: Холандска амбасада)

    Македонските уметници Елена Чемерска и Дени Стојанов се меѓу 100-те уметници кои ја добија наградата Принц Клаус за 2021, која ја доделува холандскиот принц Константијн, објави Амбасадата на Холандија во Македонија.

    Оваа награда се доделува на млади уметници и културни работници во подем во првите 5 години од нивната кариера, чија иновативна практика се осврнува на горечки социјални и/или политички прашања во контекстот од кој што доаѓаат.

    „Мене ова признание ми значи навистина многу и претставува силен ветер во грб за понатаму. Со години ја следам работата на ПЦФ и добро сум запознаена со позитивниот импакт кој нивната работа го има ширум светот, секаде каде што се вложуваат во несебична и континуирана поддршка на културната и уметничката продукција таму каде што за нив нема услови и каде што нивниот опстанок е сериозно загрозен. Чест ми е што станав дел од оваа мрежа. Ќе се радувам ако се повеќе млади автори од нашата земја допрва ќе се вклучуваат во неа“, вели Чемерска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Стојанов ни рече дека е многу благодарен за наградата, која ја добива за досегашното творештво.

    Отворениот повик за наградите Принц Клаус  се објавува еднаш годишно за уметници/поединци земјите во Африка, Азија, Латинска Америка, Карибите и Источна Европа.

    Годинава пристигнале 1.578 апликации од 65 земји. Добитниците имаат отворени раце да ја инвестираат наградата од 5.000 евра во развојот на нивното творештво.

    Б. НЕСТОРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира