„УШТЕ ЕДНА ТУРА“ НА ВИНТЕРБЕРГ Е НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФИЛМ, ОСВОИ 4 ЕВРОПСКИ ОСКАРИ

    „УШТЕ ЕДНА ТУРА“ НА ВИНТЕРБЕРГ Е НАЈДОБАР ЕВРОПСКИ ФИЛМ, ОСВОИ 4 ЕВРОПСКИ ОСКАРИ„Уште една тура“ ссвои вкупно 4 награди, меѓу кои и главната за најдобар филм, за најдобар режисер, најдобар актер за Мадс Микелсен и за најдобро сценарио. (Фото: ЕФА)

    „Уште една тура“ на данскиот автор Томас Винтерберг е апсолутен победник на Европските филмски награди, познати и како Европски Оскар, што ги доделува Европската филмска академија. Освои вкупно 4 награди, меѓу кои и главната за најдобар филм, за најдобар режисер, најдобар актер за Мадс Микелсен и за најдобро сценарио. Наградите беа доделени синоќа на виртуелната церемонија во Берлин.

    „Уште една тура“ е трагикомична приказна за група средношколки професори кои почнуваат експеримент со секојдневно пиење алкохол за да внесат радост и ведрина во своите зачмаени животи. Винтерберг го заврши иако на самиот почеток на снимањето загина ќерка му во сообраќајка, која требало да дебитира во филмот. И покрај личната трагедија на авторот, филмот го слави животот баш таков каков што е, со сите радости и таги.

    „Многу сум трогнат од оваа награда за најдобар филм, ѝ благодарам на ЕФА, јас сум исклучително горд, бидејќи ова е навистина силна конкуренција од моите колеги, а пред сè да им се заблагодарам на целиот мој тим, особено на мојот актер Мадс Микелсен. Мојата ќерка почина додека го правевме овој филм. Ние го снимивме филмот во нејзиното училиште, таа беше дел од овој проект, беше особено сакана од главниот актер Микелсен, но судбината сакаше таа повеќе да не биде со нас. Единствено што вреди на крајот е да го посветам овој филм целосно на мојата ќерка“, рече режисерот Винтерберг додека Микелсен почна да плаче на виртуелната цеременија на доделувањето.

    Романскиот „Колектив“ на Александер Нанау е најдобар документарец, а најдобра актерка е Германката Паула Беер за „Ондина“. Наградата за европско откритие на Меѓународната федерација на филмски критичари – ФИПРЕСЦИ ја освои „Соле“ на италијанскиот дебитант Карло Сирони.

    Меѓу 38-те кандидати за наградата селектирани годинава беше и македонскиот „Врба“ на Милчо Манчевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира