УТРЕ МАТИНЕ ВО МСУ СО ЏЕЗ, ОВОШЈЕ И СКУЛПТУРИТЕ НА ГЛИГОР СТЕФАНОВ

    УТРЕ МАТИНЕ ВО МСУ СО ЏЕЗ, ОВОШЈЕ И СКУЛПТУРИТЕ НА ГЛИГОР СТЕФАНОВИзложени се 11 инсталации, од кои една е долга 100 метри, како и 50 фотографии од негови поранешни инсталации кои не може да се реплицираат оти Стефанов работи со трска, слама и други нетрајни материјали. - Од отворањето на изложбата на 19 јуни (Фото: K. Попов )

    Утре во 12 часот во Музејот на современа уметност (МСУ) ќе се има матине со модерен џез, свежо овошје и разладено вино, во чест на изложбата „Грабење во просторот“ на еден од најзначајните македoнски скулптори Глигор Стефанов, кој по 30 години дојде од Канада.

    „’Грабење во просторот’ е една од најмаркантните изложби која сосема го освои просторот на МСУ која сосема ги освои љубителите на уметноста. Музичкиот избор е на Игор Спироски и Бојан Чакра“, најавува Музејот.

    Куратори на изложбата се Марика Бочварова-Плавевска и Благоја Варошанец, кој вели дека на изложбата се претставени сите циклуси на Стефанов, од 1981 до 2019. Изложени се11 инсталации, од кои една е долга 100 метри, како и 50 фотографии од негови поранешни инсталации кои не може да се реплицираат оти Стефанов работи со трска, слама и други нетрајни материјали.

    Шеесет и тригодишниот Стефанов, кој во 1993 заедно со скулпторот Петре Николоски беа првите македонски претставници на Венециското биенале, е роден во Кавадари, а дипломирал (1981) и магистрирал (1985 ) на Академијата за ликовни уметности во Белград, отсек вајарство. Од 1988 живее и работи во Лондон, а во 1995 се преселил во Виндзор, Канада.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира