ВЕНЕЦИСКИОТ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ЛЕГЕНДАРНИОТ ПОЛ ШРЕДЕР

    ВЕНЕЦИСКИОТ ЗЛАТЕН ЛАВ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА ЛЕГЕНДАРНИОТ ПОЛ ШРЕДЕРПол Шредер е еден од најважните амрикански режисери и сценаристи. (Фото: Венециски филмски фестивал)

    Филмскиот фестивал во Венеција ќе му оддаде почит сo Златен лав за животно дело на американскиот режисер и сценарист Пол Шрeдер, клучна фигура на новaтa холивудски кинематографија. Шредер ги напиша „Таксист“ и „Последното Христово искушение“ на Мартин Скорсезе, а го напиша и „Разјарениот бик“. Режирал десетици филмови, меѓу кои „Американски жиголо“, „Мишима: Живот во четири поглавја“, „Утехата на странците“ и „Првa реформска црква“.

    Режисерот беше во Венеција лани со „Бројач на карти“ со Оскар Ајзак и Тифани Хадиш во главните улоги, кој имаше успех кај критиката и на киноблагајните.

    Прифаќајќи ја честа, Шредер рече: „Длабоко сум почестен. Венеција е лавот на моето срце“.

    Уметничкиот директор на Венеција, Алберто Барбера, во изјавата го слави Шредер дека „ја револуционизирал имагинацијата, естетиката и јазикот на американскиот филм“, почнувајќи од доцните 1960-ти.

    „Не е претерување да се потврди дека тој е еден од најважните американски филмаџии на неговата генерација, режисер кој е под длабоко влијание од европскиот филм и култура и тврдоглаво независен сценарист кој сепак знае како да работи по нарачка и самоуверено да се движи во рамките на холивудскиот систем“, рече Барбера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира