10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – ПОЧНА УПИСОТ ВО 17 УЧИЛИШТА ЛИДЕРИ ВО НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

    10 ГОДИНИ „ХЕЛЕН ДОРОН“ ВО МАКЕДОНИЈА – ПОЧНА УПИСОТ ВО 17 УЧИЛИШТА ЛИДЕРИ ВО НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕПосле 10 години „Хелен Дорон“ има 17 отворени училишни центри и над 2.000 активни ученици. (Фото: Хелен Донор)

    Започнаа уписите во 17 училишта на „Хелен Дорон“ низ Македонија. Водечкиот светски бренд во областа на едукацијата на деца, преку револуционерна методологија за изучување на англиски јазик како мајчин јазик, Helen Doron English, го прославува својот десетти роденден во Македонија. Од својот почеток пред десет години, Хелен Дорон“ Македонија континуирано поставува нови стандарди во областа на детското образование и изучувањето на англискиот јазик.

    Започнувајќи како револуционерен проект, Хелен Дорон денеска е симбол за квалитет, иновација и трансформација. Нивната уникатна методологија, која комбинира образование со забава, преку уникатни техники и методи за изучување на англискиот јазик на природен и забавен начин успеа да инспирира илјадници деца низ целата земја да го засакаат учењето и да го зборуваат англискиот јазик со самодоверба, течно и со природен акцент.

    По повод 10 годишниот јубилеј на Хелен Дорон Македонија, овој викенд се оддржа голема прослава во која беа присутни сите франшизери и сертифицирани Хелен Дорон учители во франшизната мрежа на Хелен Дорон во Македонија.

    На присутните им се обратија најзаслужните поради кои овој бренд постои во државата и успешно функционира 10 години, мастер франшизeрите Валентина Динова и Јасмина Шилегова.

    Валентина Динова во своето обраќање пред присутните изрази задоволство од досегашните постигнати резултати.

    Оваа десетгодишнина е потврда за нашата посветеност кон квалитетот, иновацијата и пред сè, децата на Македонија. Благодариме на сите родители, учителите, франшизери и сите останати кои се дел од нашата заедница кои веруваа во нас и нè поддржуваа во нашиот сон. Зад нас е декада на инспирација, многу работа, посветеност и трансформација. После 10 години, со 17 отворени училишни центри и над 2.000 активни ученици, без скромност можеме да кажеме дека сме лидери во неформалното образование во државата и направивме вистинска трансформација во образованието на децата во нашата држава. Секој од нас има своја уникатна приказна што нè доведе тука, но сите имаме една заедничка цел која не спојува – нашата верба во потенцијалот на секое дете. Вербата дека преку квалитетно образование, можеме да ја менуваме судбината на нашите деца, и преку тоа судбината на целиот свет“, вели Валентина Динова.

    Јасмина Шилегова мастер франшизер на Хелен Дорон Македонија пред присутните кажа дека среќа е кога нешто сами го создавате.

    Среќа е кога на прв поглед се заљубив во квалитетот на едукативниот метод на Хелен Дорон. Љубовта, трудот, вложеното време, непроспиените ноќи, немаат цена, тоа не се брои со бројки. Сето тоа низ годините го мерев со среќата што ми ја исполнуваше душата и сознанието дека придонесувам за правилно насочување на генерации на деца. Благодарна сум што сум дел од Helen Doron Global и што ја имам најголемата поддршка. Денес за мене е ден на благодарност. Со оваа работа научив да бидам благодарна. Ви благодарм на сите вас што сте овде. На сите учители кои си го оставате срцето во училницата, на сите франшизери кои 10 години се вложуваат оваа приказна да успее и на целиот тим на Хелен Дорон Македонија за безрезервната поддршка. Сето оваа е наш заеднички успех“, кажа Шилегова.

    Таа доделувајќи благодарници на сите заслужни за работата на „Хелен Донор“ им порача дека ова е само почеток, дека следува нова декада на развој и трансформација на неформалното образование во Македонија.

    Од „Хелен Дорон Македонија велат дека ќе продолжат да инвестираат во квалитетот на образование кое го нудат, на обуки на нашите учители, конференции и во имплементација на нови програми и алатки за учење. Целта е јасна: Менување на животот и можностите за подобра иднина на децата од нашата држава.

    За Helen Doron English

    Helen Doron English е светски лидер во едукацијата за деца со присуство во повеќе од 40 држави. Основата на Хелен Дорон едукацијата, е ревулуционерната методологија која се базира на природниот процес на учење на англсики јазик како мајчин јазик со над 20 програми за деца од 3- месечни бебиња до 19 годишни тинејџери, која денеска е прифатена и ценета од страна на милиони деца и нивни родители низ целиот свет.

    За запознање со уникатната Helen Doron методологија сите заинтересирани може да резервираат бесплатен демо час во еден од училишните центри на овој линк.

    Хелен Дорон Аеродром – 078 388 403

    Хелен Дорон Центарr – 071 293 613

    Хелен Дорон Карпош – 078297949

    Хелен Дорон Кисела Вода – 078 282 842

    Хелен Дорон Капиштец – 070 984 435

    Хелен Дорон Чаир – ‎072 206 622

    Хелен Дорон Велес – 075 340 443

    Хелен Дорон Битола – 075 232 778

    Хелен Дорон Прилеп – 077 699 961

    Хелен Дорон Охрид – 077 613 815

    Хелен Дорон Штип – 078 757 455

    Хелен Дорон Гевгелија – 078 220 391

    Хелен Дорон Струмица – 071 242 476

    Хелен Дорон Кочани – 071 314 499

    Хелен Дорон Кавадарци – 075 448 873

    Хелен Дорон Тетово – 075 277 615

    Хелен Дорон Струга – 077 558 962

     

    *Комерцијална презентација

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира