102-ГОДИШЕН ПРЕЖИВЕАН НА ХОЛОКАУСТОТ СЕ СРЕТНА СО ВНУК ЗА КОЈ НЕ НИ ЗНАЕЛ ДЕКА ПОСТОИ

    102-ГОДИШЕН ПРЕЖИВЕАН НА ХОЛОКАУСТОТ СЕ СРЕТНА СО ВНУК ЗА КОЈ НЕ НИ ЗНАЕЛ ДЕКА ПОСТОИЕлијаху Пјетрушка седум децении живеел во уверување дека никој од неговото семејство не ја преживеал Втората светска војна (Фото: АП)

    Сто и двегодишен Полјак, кој седум децении верувал дека целото негово семејство настрадало во Холокаустот, се сретна со внук, за кој не ни знаел дека постои.

    Благодарение на истражувањето на својот внук Шахар, Елијаху Пјетрушка дознал дека неговиот брат Волф, сепак, ја преживеал Втората светска војна и потоа живеел во еден планински град во Русија.

    „Ти си копија на твојот татко. Не спиев две ноќи, чекајќи те. Пресреќен сум“, кажа Елијаху, кој сега живее во дом за стари луѓе и има десет правнуци.

    Елијаху Пјетрушка имал 24 години кога избегал од Варшава на почетокот на Втората светска војна.

    Тој заминал за Советски Сојуз, оставајќи ги зад себе родителите и девет години помладите браќа близнаци Волф и Зелиг. Родителите и Зелиг подоцна биле транспортирани во концентрационен логор, каде што биле убиени, додека и Волф некако успеал да избега за Советски Сојуз. Таму едно време биле во контакт, по што Волф бил пратен во работен логор во Сибир.

    Елијаху се оженил за Русинка и во 1949 година се преселиле во Израел, мислејќи дека неговиот последен жив роднина умрел во Сибир. Со тоа верување живеел сѐ до пред две недели.

    Иако Волф починал во 2011 година, тој зад себе оставил син, сега 66-годишниот Александер, кој се согласил да отпатува за Полска, за да го запознае својот одамна загубен чичко.

    „Ова е чудо, никогаш не верував дека ова ќе се случи“, изјави Александер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира