11-ГОДИШЕН УКРАИНЕЦ САМ СТИГНА ДО СЛОВАЧКА СО КЕСА, РАНЕЦ И ЗАПИШАН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ НА РАКА

    11-ГОДИШЕН УКРАИНЕЦ САМ СТИГНА ДО СЛОВАЧКА СО КЕСА, РАНЕЦ И ЗАПИШАН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ НА РАКАХасан сам тргнал за Словачка зашто мајка му останала да се грижи за баба му (Фото: Словачко министерство за внатрешни работи)

    Единаесетгодишно момче безбедно пристигна во Словачка откако патувало 1.200 километри од источна Украина со пластична кеса, ранец, пасош и запишан телефонски број од роднини.

    Хасан сам го напуштил домот во Запорожје, зашто мајка му не сакала да ја остави својата стара и неподвижна мајка. Таа го ставила на воз, а кога стигнал на границата, волонтери му дале храна и вода, а словачките гранични службеници му помогнале да стапи во контакт со роднините во Братислава. Словачките власти го опишаа Хасан како вистински херој кој ги освојува сите со својата насмевка.

    Хасан со телефонскиот број запишан на рака (Фото: Словачко министерство за внатрешни работи)

    Во видео објавено од словачката полиција, Јулија Писецка, која е вдовица, им се заблагодари на сите кои се грижеле за нејзиниот син и објасни зошто не заминала со него.

    „Во близина на нашиот град е нуклеарната централа што Русите ја бомбардираа. Не можев да ја оставам мајка ми, која не може да се движи сама, па го пратив син ми за Словачка“, кажа Писецка.

    Повеќе од два милиона луѓе избегаа од Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари, од кои 1,2 милиона во Полска. Словачка досега прими над 140.000 бегалци.

    Од словачкото министерство за внатрешни работи кажаа дека Хасан имал запишано телефонски број на рака, а откако им се јавил на роднините, тие дошле да го земат. Министерот Роман Микулец вчера се сретна со Хасан и кажа дека тој ќе добие привремена заштита во Словачка.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира