150 КИТОВИ ЗАГЛАВЕНИ НА ПЛАЖА ВО АВСТРАЛИЈА, ПОЛОВИНА УГИНАА

    150 КИТОВИ ЗАГЛАВЕНИ НА ПЛАЖА ВО АВСТРАЛИЈА, ПОЛОВИНА УГИНАААвстралиските власти алармираа за појава на ајкули и ги предупредија луѓето да бидат подалеку од областа. (Фото: АП)

    Околу 150 китови се заглавија на брегот на Австралија, во тек е голема акција за спасување. Животните ги забележал денес утрово рибар на плажата Хамелин, околу 300 километри јужно од Перт.

    Околу половина од китовите веќе биле мртви, според властите во Западна Австралија, кои кажале дека се обидуваат да ги спасат преживеаните.

    „Силата на животните, ветровитото време и влажните временски услови ќе влијаат на нашите обиди да ги вратиме во морето“, кажа Џереми Чик, од Одделот за биодиверзитет, конзервација и атракции.

    Властите кажаа дека животните се од видот китови кои се познати по нивната масивност.

    Властите исто така алармираа за појава на ајкули и ги предупредија луѓето да бидат подалеку од областа.

    „Можно е дека мртвите животни ќе ги привлечат ајкулите и ќе предизвика тие да дојдат поблизу до брегот“, изјави државниот оддел за рибарство.

    Овие китови вообичаено се со должина од 5 метри и живеат во тропските и суптропските води.

    Научниците велат дека точно не ги знаат причините што китовите заглавиле на брегот. Тие објаснуваат дека вакво нешто може да се случи кога китовите се болни, повредени или прават навигациски грешки, особено во време на плима.

    Понекогаш заглавените животни на брегот праќаат сигнали на паника, што предизвикува други животни да заталкаат и да се заглават. Во 1996 година околу 320 китови заглавија на плажите во Западна Австралија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира