150 УЧЕСНИЦИ УЖИВАА ВО УБАВИНИТЕ НА КРУШЕВО НА ТУРАТА НА „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“

    150 УЧЕСНИЦИ УЖИВАА ВО УБАВИНИТЕ НА КРУШЕВО НА ТУРАТА НА „ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ“Прошетката почна од споменичкиот комплекс Македониум, кој е изграден на 1320 метри надморска височина, со извонреден поглед на градот

    „Еуролинк осигурување“ во саботата организираше еднодневна посета на Крушево, како дел од програмата „Мапа на културата“, на која дојдоа 150 учесници.

    Прошетката почна од споменичкиот комплекс Македониум, кој е изграден на 1320 метри надморска височина. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи и витражи, а во објектот се наоѓа и гробот на Никола Карев, претседател на Крушевската република.

    Оттаму учесниците го посетија гробот на Тоше Проески, и продолжија низ старото градско јадро, преку тесните и кривулести улички до Крушевската чаршија каде се наоѓа црквата „Св. Никола“ изградена во средината на 19. век која импресионира со својата архитектура.

    Внатрешноста на црквата изобилува со икони и фрески, а особено уникатен е иконостасот кој е дело на познатите копаничари Петре Гарката и Димитар Станишев. Групата ја посети и црквата „Св. Јован“ која меѓу народот е позната и како Влашка црква, како и галеријата на Никола Мартиноски, еден од најистакнатите личности во македонската уметност и култура на 20. век.

    Активноста е дел од платформата за Корпоративна општествена одговорност „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари