25-ГОДИШНА МАЈКА ОД ЊУЈОРК ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗАШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА ЗА МИС ОТИ РОДИЛА СИН

    25-ГОДИШНА МАЈКА ОД ЊУЈОРК ПОДНЕСЕ ЖАЛБА ДО КОМИСИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗАШТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАТПРЕВАРУВА ЗА МИС ОТИ РОДИЛА СИНХејзел (десно) доби поддршка од Вероника Дидусенко, Мис на Украина за 2018, на која титулата ѝ беше одземена кога организацијата Мис на светот дозна дека има дете (Фото: АП)

    Даниел Хејзел (25) од Њујорк ги оспорува долгогодишните правила на Мис Америка и Мис на светот кои ги дисквалификуваат мајките од нивните натпревари за убавина. Хејзел испрати жалба до градската Комисија за човекови права и во неа наведе дека правилата за мис ги негираат и исклучуваат мајките од „важната деловна и културна можност“ само поради нивниот статус на родители.

    Хејзел изјави дека отсекогаш сонувала да учествува на натпреварите за мис, но била скршена кога дознала дека веќе не ги исполнува условите бидејќи родила син на 19 години.

    „Како што наведовме во поднесената жалба на Даниел, ова исклучување е понижувачко за неа бидејќи се заснова на застарениот стереотип дека жените не можат да бидат мајки и да бидат убави, сталожени, страсни, талентирани и филантропи“, рече адвокатката на Хејзел, Глорија Олред.

    Олред истакна дека претходно успеала да го оспори сличното правило за мајка од Калифорнија која не можела да се натпреварува на изборот за Мис Калифорнија, кој е дел од организациите Мис Универзум и Мис на САД. Жалбата за дискриминација поднесена од Андреа Кирога до Одделот за граѓански права во Калифорнија го поттикна Мис Универзум да го елиминира своето 70-годишно правило, кое беше наметнато ширум светот.

    Хејзел доби поддршка од Вероника Дидусенко, Мис на Украина за 2018, на која титулата ѝ беше одземена кога организацијата Мис на светот дозна дека има дете.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира