50.000 ЛУЃЕ НА КОНЦЕРТОТ ВО МАНЧЕСТЕР НА АРИЈАНА ГРАНДЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ КАКО ОДГОВОР НА ТЕРОРИЗМОТ

    50.000 ЛУЃЕ НА КОНЦЕРТОТ ВО МАНЧЕСТЕР НА АРИЈАНА ГРАНДЕ И ПРИЈАТЕЛИТЕ КАКО ОДГОВОР НА ТЕРОРИЗМОТПоп пејачката носеше маица со логото на концертот „One Love Manchester“ (Фото: Би Би Си)

    Околу 50.000 луѓе се собраа на добротворниот концерт во Манчестер што американската тинејџерска ѕвезда Аријана Гранде го организираше во спомен на жртвите од терористичкиот напад од пред две недели, кога токму по нејзиниот концерт беа убиени 22 млади, а уште четириестина беа тешко повредени од бомбаш самоубиец.

    Соочување со стравот и враќање во Манчестер. Концертот се одржа под силно обезбедување бидејќи се случи само еден ден по терористичкиот напад во Лондон во кој загинаа седуммина.

    Концертот се одржа под силно обезбедување бидејќи се случи само еден ден по терористичкиот напад во Лондон во кој загинаа седуммина.

    Џастин Бибер ја замоли публиката сите да ги дигнат рацете во чест на жртвите од тероризмот

    Шоуто што се пренесуваше на социјалните мрежи низ целиот свет помина така како и што беше замислено – со порака за радост, обединување и поддршка наспроти обидите на терористите да го сменат начинот на живот на демократскиот свет и со многу емотивни настапи на гостите на тинејџерската поп ѕвезда.

     

    И Роби Вилијамс пееше за Манчестер

     

     

    Аријана Гранде неколку пати се појавуваше на сцената. На концертот за заздравување на повредените  се појавија и Џастин Бибер, Роби Вилијамс, Мајли Сајрус, Кејти Пери, Колдплеј и Лиам Галагер.

    Организаторите соопштија дека синоќа само од смс пораки и онлајн донации биле собрани 2 милиони фунти наменети за семејствата на жртвите и повредените. Вкупно, добротворниот фонд „Ние го сакаме Манчестер“ до сега има собрано повеќе од 10 милиони фунти.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари