Околу 500 маски со визири испечатени на 3-Д принтери изминативе денови беа доставени во повеќе клиники и институции како Клиника за гинекологија и акушерство, Урологија, Институт за трансфузиона медицина, Гастроентерохепатологија, Клинички Лаборатории, Хематологија, Кардиологија, Неврологија, Неврохирургија, Радиологија, Онкологија, Пулмологија, Дигестивна хирургија, Торакална хирургија, Општа болница Куманово и Итна помош Куманово.
- 315 МАСКИ СО ВИЗИРИ ИСПЕЧАТЕНИ НА 3-Д ПРИНТЕР ЌЕ СЕ ДОНИРААТ ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ БОЛНИЦИ, СЕ РАБОТАТ И ВО КУМАНОВО, БИТОЛА, ОХРИД И ПРИЛЕП
- ДОКТОРИ И ДИЗАЈНЕРИ НАПРАВИЈА МАСКИ СО 3-Д ПРИНТЕРИ И БЕСПЛАТНО ЌЕ ГИ ДАДАТ НА БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“
Екипата од иницијативата, на чело со ортопедскиот хирург од Градската општа болница „8 Септември“ Александар Каревски, во која има доктори, дизајнери, професори во изминативе два дена работи со полна пареа. Целата иницијатива започна со неколку 3-Д принтери, а моментално се работи со над 50.
„Со ова темпо планот е да се изработат најмалку 6.000 заштитни маски со визири во најкраток можен рок“, велат од тимот.
Покрај готови маски, материјал за работа е испратен до сите помали производствени групи по градовите низ државата, а ќе им се помогне и на матичните лекари и приватните здравствени установи.
Б. НЕСТОРОСКА