65.000 ЛУЃЕ СЕ СОБРАА НА КОНЦЕРТОТ ПРОТИВ РАСИЗМОТ ВО КЕМНИЦ

    65.000 ЛУЃЕ СЕ СОБРАА НА КОНЦЕРТОТ ПРОТИВ РАСИЗМОТ ВО КЕМНИЦКонцертот се одржа под слоганот „Нас нè има повеќе“, како реакција на десничарската парола „Ние сме народот“ (Фото: Ројтерс)

    Околу 65.000 луѓе се собраа на бесплатниот концерт против расизмот во источногерманскиот град Кемниц, кој се одржа како одговор на насилните улични протести минатата недела.

    Голем број популарни германски панк, рок и хип хоп бендови настапија на концертот, упатувајќи јасна порака против расизмот и ксенофобијата, кои дојдоа до израз по убиството на 35-годишен маж на 26 август, за што се уапсени двајца мигранти, Сириец и Ирачанец.

    Откако низ градот се проширија шпекулации и лажни вести за нападот, крајнодесничарските и антиимигрантски групи ја искористија ситуацијата за да маршираат и да предизвикаат нереди.

    Бендовите настапија под слоганот „Нас нè има повеќе“, што беше реакција на десничарската парола „Ние сме народот“. Организаторите мораа да го сменат местото на одржувањето на концертот поради преголема заинтересираност.

    „Ние не сме наивни. Ние не живееме во илузија дека ако одржиме концерт, светот ќе биде безбеден. Но, важно е да покажеме дека луѓето не се сами“, изјави пејачот на рок групата „Крафтклуб“, Феликс Брумер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира