99-ГОДИШЕН ВОЕН ВЕТЕРАН СОБРА 12 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА БРИТАНСКИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ШЕТАЈЌИ ВО СВОЈАТА ГРАДИНА

    99-ГОДИШЕН ВОЕН ВЕТЕРАН СОБРА 12 МИЛИОНИ ФУНТИ ЗА БРИТАНСКИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ ШЕТАЈЌИ ВО СВОЈАТА ГРАДИНАКапетанот Том Мур во прв момент сакал да собере само 1.000 фунти (Фото: Ројтерс)

    Деведесет и деветгодишен ветеран на Втората светска војна кој собираше средства за Британската здравствена служба (НХС) така што шеташе во својата градина ѝ се заблагодари на јавноста откако донациите достигнале до 12,2 милиона фунти.

    Капетанот Том Мур планираше да изоди сто 25-метарски кругови пред да наполни 100 години на 30 април и кога почнал, целта му била да собере 1.000 фунти за НХС. До денеска наутро, кога го комплетираше предизвикот, тој успеал да собере 12 милиони фунти, испратени од преку 700.000 луѓе.

    Неговата страница за донации „JustGiving“ дури се урнала вчера кога во исто време сакале да ѝ пристапат 90.000 луѓе. Мур вчера објави дека била надмината сумата од пет милиони фунти.

    „Не можам да верувам! Им благодарам на сите кои ја поддржаа Британската здравствена служба, таа го заслужи секое пени. Одзивот беше огромен. Кога почнавме, никој не можеше да го замисли ова“, изјави Мур.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира