„АЈ КЈУ“ СО „ИЗГУБЕНО И НАЈДЕНО“ ОДИ НА ЕВРОВИЗИЈА

    „АЈ КЈУ“ СО „ИЗГУБЕНО И НАЈДЕНО“ ОДИ НА ЕВРОВИЗИЈАПесната на „Ај Кју“ била избрана меѓу 381 пристигната композиција (Фото: МРТ)

    Поп-групата „Ај Кју“ (Eye Cue) ќе ја претставува Македонија на годинашниот избор за песна на Евровизија, што ќе се одржи во Лисабон, објави МРТВ.

    Тие ќе настапат со песната „Изгубено и најдено“ (Lost and Found), за која музика и текст напиша Бојан Трајковски, додека за аранжманот беше задолжен Дарко Димитров.

    Песната на „Ај Кју“ била избрана меѓу 381 композиција, кои пристигнале на меѓународниот повик, а во најтесниот круг влегле 12.

    Комисијата во состав Мери Попова (координатор на проектот „Евросонг 2018“, МТВ1), Каролина Петковска (МТВ1), Александра Јовановска (МТВ1), Авни Ќаили (МТВ2), Бранка Костиќ-Марковиќ (музички новинар и критичар), Андријана Јовановска (Репортер.мк), Марко Марк (Канал 77, Телма) и Антонио Димитриевски (Вистина.мк) едногласно заклучила дека „‘Ај Кју‘ најдобро ќе ја донесе избраната композиција на евровизиската сцена“.

    Освен авторот Трајковски, во групата членува и пејачката Марија Ивановска.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари