АКТЕР ОД „РОМА“ ЌЕ ГИ ПРОПУШТИ ОСКАРИТЕ ОТИ САД НЕ МУ ДАВААТ ВИЗА

    АКТЕР ОД „РОМА“ ЌЕ ГИ ПРОПУШТИ ОСКАРИТЕ ОТИ САД НЕ МУ ДАВААТ ВИЗАНа Хорхе Антонио Гереро веќе трипати не му бил одобрен влез во САД (Фото; Гети)

    Рома“ се избори за десет номинации за Оскар, но една од неговите главни ѕвезди можеби нема да може да присуствува на церемонијата во Лос Анџелес на 24 февруари.

    Мексиканскиот актер Хорхе Антонио Гереро изјави дека трипати бил одбиен за виза за влез во САД, со што е оневозможен да учествува во настаните поврзани со филмот на Алфонсо Куарон.

    Тој откри дека првпат бил одбиен во почетокот на минатата година, а потоа и зимава, кога екипата на „Рома“ почнала да се појавува на настани со црвен тепих. До американската амбасада во Мексико реагирал и еден од продуцентите на филмот, истакнувајќи дека Гереро би требало да присуствува на настани како Златен глобус и Оскари, но повторно бил одбиен.

    Ова не е првпат филмаџија од друга земја да не може да присуствува на Оскарите поради немање виза. Поради забраната на Трамп, Сиријците Раед Салех и Халед Хатиб не можеа да сведочат како нивниот филм „Бели шлемови“ добива Оскар за најдобар документарец во 2017 година, а лани, забраната го погоди и прославениот ирански режисер Асгар Фархади.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира