АЛ ПАЧИНО ГО ДОБИ ЧЕТВРТОТО ДЕТЕ НА 83 ГОДИНИ

    АЛ ПАЧИНО ГО ДОБИ ЧЕТВРТОТО ДЕТЕ НА 83 ГОДИНИПачино го доби синот Роман во врската со 29-годишна продуцентка (Фото: АП)

    Ал Пачино го доби четвртото дете на 83 години, потврди неговиот публицист Стен Розенфилд. Тоа е неговото прво дете во врската со 29-годишната продуцентка Нор Алфалах.

    Пачино и Алфалах станаа родители на синот Роман“, изјави Розенфилд за агенцијата АП.

    Холивудската легенда и Алфалах наводно се заедно од минатата година. Тој има и 33-годишна ќерка од врската со учителката по глума Џен Тарант, како и 22-годишни близнаци, кои ги доби со актерката Беверли Д‘Анџело, со која беше во врска од 1997 до 2003.

    Ова следува еден месец откако и 79-годишниот Роберт де Ниро објави дека го добил седмото дете.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира