АЛАН ТУРИНГ, КОМПЈУТЕРСКИОТ ГЕНИЈ КОЈ БЕШЕ КАСТРИРАН ЗАШТО БИЛ ГЕЈ, ЌЕ БИДЕ НА НОВАТА БАНКНОТА ОД 50 ФУНТИ

    АЛАН ТУРИНГ, КОМПЈУТЕРСКИОТ ГЕНИЈ КОЈ БЕШЕ КАСТРИРАН ЗАШТО БИЛ ГЕЈ, ЌЕ БИДЕ НА НОВАТА БАНКНОТА ОД 50 ФУНТИАнглиската банка го објави концептот на новата банкнота на која ќе биде ликот на Туринг

    Алан Туринг, англиски математичар и компјутерски научник кој по Втората светска војна беше осуден според застарени хомофобични закони, ќе се најде на новата британска банкнота од 50 фунти.

    Гувернерот на Англиската банка Марк Карни објави дека ликот на Туринг, кој почина во мистериозни околности во 1954 откако беше подложен на хемиска кастрација, ќе биде на новите банкноти што ќе бидат пуштени во промет до крајот на 2021 година.

    „Туринг беше неверојатен математичар и џин на чии рамења денес стојат многумина. Како татко на компјутерската наука и на вештачката интелигенција, но и како воен херој, придонесите на Алан Туринг се немерливи и историски“, објави централната банка на Англија.

    За време на Втората светска војна, Туринг беше дел од тим на британски криптолози кои дешифрираа нацистички пораки и помогна да се разбие германскиот систем „Енигма“.

    Како хомосексуалец, тој во 1952 година беше осуден на хемиска кастрација и две години подоцна почина од труење со цијанид, што беше прогласено за самоубиство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира