„АЛКАЛОИД“ ЈА ПРОШИРИ ПРОГРАМАТА ЗА ПРАКТИКАНТСТВО И НА ДВЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА

    „АЛКАЛОИД“ ЈА ПРОШИРИ ПРОГРАМАТА ЗА ПРАКТИКАНТСТВО И НА ДВЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА„Алкалоид“ денеска потпиша меморандуми за соработка со средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“. (Фото: Алкалоид)

    По успешнoто спроведување на програмите за практикантство со четири факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Алкалоид АД Скопје“ ја прошири соработката и на средните училишта. Во првиот циклус од програмата насловена „Серијална практична обука“, компанијата денеска потпиша меморандуми за соработка со средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ и средното хемиско училиште „Марија Кири-Склодовска“.

    „Во насока на нашите заложби за корпоративна општествена одговорност, а поттикнати од успешните примери на практикантство со академските инстанци, при што добивме сериозни индикатори за тоа како активниот ангажман на млади, талентирани и амбициозни студенти може да се искористи во полн капацитет и притоа да се има заемна корист, одлучивме да ги отвориме вратите за практична соработка и со средните училишта поврзани со нашите бранши. Се надевам дека новите генерации миленијалци ќе ја искористат шансата за надградување на нивните знаења и за стекнување нови практични вештини во рамките на реални процеси“, изјави Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“.

    Овој проект е верифициран од Стопанска комора на Македонија и поддржан од управата на Град Скопје

    Првиот циклус од програмите за практикантство почна во април 2018 и потоа 11 од вкупно 17 ангажирани практиканти останаа да работат за „Алкалоид“. За својот практичен ангажман, средношколците ќе добијат симболичен паричен надомест од компанијата, а првата група од околу 15 практиканти се очекува да почне со обуката кон средината на јуни.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира