„АЛКАЛОИД“ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА НА ПАЗАРОТ СЕ ПОЈАВИЈА ФАЛСИФИКАТИ НА СРЕДСТВАТА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ЕКОСАЛ И ДЕЗИНТАЛ

    „АЛКАЛОИД“ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА НА ПАЗАРОТ СЕ ПОЈАВИЈА ФАЛСИФИКАТИ НА СРЕДСТВАТА ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА ЕКОСАЛ И ДЕЗИНТАЛ„Алкалоид“ даде упатства како да се препознаат фалсификуваните производи. (Фото: Алкалоид)

    „Алкалоид АД Скопје“ предупреди дека на пазарот се појавија производи кои се фалсификати на средствата за дезинфекција Ecosal® и Dezintal®, кои се заштитени трговски марки на компанијата.

    „Aпелираме до купувачите да внимаваат при купувањето, бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи, кои во моменталната ситуација се од исклучителна важност“, соопшти „Алкалоид“.

    За да им се помогне на купувачите да ги препознаат оригиналните производи Ecosal Forte и Dezintal произведени од „Алкалоид“, оттаму ги посочуваат следните детали што можат да се забележат на самото пакување:

    • На етикетите секогаш стои логото на „Алкалоид“, како и логата на Ecosal ®и Dezintal®, што го гарантира оригиналното потекло на производите.
    • Како производител секогаш е назначен „Алкалоид АД Скопје“, што подразбира дека тие се произведуваат и полнат во контролирани услови на производство.
    • Ecosal Forte се произведува во пакување од 500 милилитри, со затворање приспособено на типот на производот – антисептик, наспроти фалсификуваното пакување од 1.000 милилитри, какво што досега не е пласирано на пазарот од „Алкалоид“.
    • Производите доаѓаат со соодветно упатство за употреба, за кое можеме да гарантираме само доколку се произведени и спакувани во фабричките погони на „Алкалоид“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира