„АЛКАЛОИД“ ПРОГЛАСЕНА ЗА КОМПАНИЈА КОЈА НАЈМНОГУ ИНВЕСТИРА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА ВРАБОТЕНИТЕ

    „АЛКАЛОИД“ ПРОГЛАСЕНА ЗА КОМПАНИЈА КОЈА НАЈМНОГУ ИНВЕСТИРА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА ВРАБОТЕНИТЕНаградата е доделена по повод 28 април – Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа. 

    ,Алкалоид“ е прогласена за компанија која најмногу инвестира во безбедноста и здравјето на своите вработени, соопштија од најголемата фармацевстка комшанија во Македонија. Ова признание компанијата го доби во рамките на конференцијата организирана од Министерството за труд и социјална политика, Националниот Совет за безбедност и здравје при работа и на Меѓународната организација на трудот, која традиционално се одржува по повод 28 април – Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа.

    „Алкалоид“ АД Скопје на годишно ниво вложува значителни фондови во насока на унапредување на безбедноста на вработените и на одржување здрава работна околина. Овие инвестиции се однесуваат на активности како на пример изработка на проценка на ризик, мерења микроклиматски услови, испитувања работна средина, обуки на вработените, вложувања во работната опрема, средства за транспорт на товар, промена на електричната инсталација заради подобрување на капацитетите, набавка на средства за лична и за колективна заштита“, кажа Ќире Ицев, директор на Службата за општи работи во „Алкалоид“ и член на Управниот одбор на компанијата кој ја прими наградата.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира