„АЛКАЛОИД“ СО РАСТ НА ИЗВОЗОТ ОД 23% И СО 106 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-ЈУНИ 2023

    „АЛКАЛОИД“ СО РАСТ НА ИЗВОЗОТ ОД 23% И СО 106 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-ЈУНИ 2023Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2023 изнесуваат 937.983.755 денари (Фото: СДК.МК)

    „Алкалоид“ оствари раст на консолидираниот извоз од 23%, инвестиции од 15,2 милиони евра и 106 нови вработувања во земјава во периодот јануари-јуни 2023.

    Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2023 продажбите достигнуваат 6.293.741.761 денари, што е за 19% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби изнесуваат 8.425.198.446 денари, што е раст од 18%.

    Консолидираните продажби на домашниот пазар се зголемени за 8%, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 23%. Од вкупните консолидирани продажби, 71% се остварени на странските пазари. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите во Австрија, кои се зголемени за повеќе од четири пати, а во Чешка и во Турција за двапати.

    Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација – 90%. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 10% во вкупните консолидирани продажби.

    Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-јуни 2023 изнесуваат 937.983.755 денари.

    Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и амортизацијата (ЕБИТДА) изнесува 1.334.981.131 денари и бележи зголемување од околу 14%, додека единечната нето-добивка изнесува 814.786.957 денари и е зголемена за 19%.

    Консолидираната добивка пред ЕБИТДА достигна 1.393.017.611 денари и бележи раст од 17%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 773.414.100 денари е зголемена за 19%.

    Во периодот јануари-јуни 2023 во „Алкалоид“ се реализирани 106 нови вработувања во РС Македонија. Групацијата „Алкалоид“ сега брои 2.733 вработени, од кои 2.065 во земјава и 668 во подружниците во странство.

    Акциите на „Алкалоид“ котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни. Цената на акција во периодот јануари-јуни 2023 се движеше од 17.200 до 18.400 денари или просечно, 17.855,25 денари за една акција.

    Бизнис-планот за 2023 година предвидува инвестирање на околу 11% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и нематеријални средства, раст на консолидираните продажби од 10% и раст на консолидираниот профит пред оданочувањето од 7%.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира