„АЛКАЛОИД“ ЗАБЕЛЕЖА РАСТ НА ИЗВОЗОТ И ДОБИВКАТА ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-СЕПТЕМВРИ И ВРАБОТИ 127 ЛИЦА

    „АЛКАЛОИД“ ЗАБЕЛЕЖА РАСТ НА ИЗВОЗОТ И ДОБИВКАТА ВО ПЕРИОДОТ ЈАНУАРИ-СЕПТЕМВРИ И ВРАБОТИ 127 ЛИЦАКонсолидираните продажби на домашен пазар се зголемени за 7%, а вкупниот консолидиран извозе за 19%. - Генералниот директор на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов (Фото: СДК.МК)

    „Алкалоид“ оствари продажби од 6.305.476.687 денари во периодот јануари-септември 2019, покажува единечниот Биланс на успех, што е за 14% повеќе во споредба со истиот период од лани. Вкупните консолидирани продажби, од кои 65% се на странските пазари, достигнуваат 8.266.092.980 денари, што е раст од 15%.

    Консолидираните продажби на домашен пазар се зголемени за 7%, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 19%. Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија и тој е двојно поголем од лани, па следуваат Русија (раст од 95%) и САД (69%).

    Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 86%, а сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 14%.

    Единечната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.308.826.329 денари, бележи зголемување од околу 22%, додека единечната нето добивка изнесува 764.835.749 денари и е зголемена за 25%.

    Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА) достигна 1.337.473.830 денари и бележи раст од 22%, додека нето консолидираната добивка во износ од 738.604.635 денари е зголемена за 26%. На ниво на групација, нето профитната маржа за првите девет месеци од 2019 изнесува 8,9%, оперативната маржа е 10,4%, додека ЕБИТДА маржата изнесува 16,2%.

    Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-септември 2019 изнесуваат 602.620.282 денари. Вложувањата главно се наменети за проширување на производните капацитети.

    Во периодот јануари-септември 2019 во „Алкалоид“ се реализирани 127 нови вработувања.

    Акциите на „Алкалоид АД Скопје“ котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни. Цената на акцијата во периодот јануари-септември 2019 се движеше од 8.200,00 до 11.500,00 денари или, просечно, 8.955,70 денари. Пазарната капитализација на компанијата достигна 16 милијарди денари.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира