АМЕРИКАНЕЦ УБИЕН СО СТРЕЛИ ОД ЗАГРОЗЕНО ПЛЕМЕ ВО ИНДИЈА ОТКАКО СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО ПРОШИРИ ХРИСТИЈАНСТВОТО

    АМЕРИКАНЕЦ УБИЕН СО СТРЕЛИ ОД ЗАГРОЗЕНО ПЛЕМЕ ВО ИНДИЈА ОТКАКО СЕ ОБИДЕЛ ДА ГО ПРОШИРИ ХРИСТИЈАНСТВОТОСентинелското племе брои едвај 50 припадници и незаконски е да се стапува во контакт со него на кој било начин

    Американски државјанин е убиен од припадници на загрозено племе во Индија, кога се обидел да стапи во контакт со него. Седуммина рибари кои го превезле до островот Северен Сентинел, кој е дел од Андаман и Никобар, се уапсени.

    Пристапот до овој остров е строго ограничен, а контакт со племето не е дозволен. Племето брои најмногу 50 припадници и ги напаѓаат со примитивни оружја сите кои ќе се обидат да им се доближат.

    Локалните медиуми објавија дека убиениот маж е мисионерот Џон Ален Чау, кој дошол на островот со цел да го прошири христијанството меѓу племето.

    „Чау претходно четири-пет пати го посетил островот со помош на локални рибари. Сентинелското племе е толку малубројно, што не разбира како се користат пари. Незаконски е да се стапува во контакт со него на кој било начин“, изјави новинарот Субир Бовмик.

    По неуспешниот обид да стигне до островот на 14 ноември, Чау уште еднаш се обидел два дена подоцна, кога бил нападнат со стрели и убиен, откри извор за агенцијата АФП. Телото на Чау било пронајдено на 20 ноември.

    „Ова е тежок случај за полицијата. Тие не можат да се уапсат“, додаде Бовмик.

    На островите Андаман и Никобар има неколку племиња кои таму живеат повеќе од 60.000 години и се занимаваат со лов.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира