АМЕРИКАНКА КОЈА СИ ПУКАШЕ ВО ЛИЦЕТО ДОБИ НОВО ЛИЦЕ И НОВА ШАНСА ВО ЖИВОТОТ

    АМЕРИКАНКА КОЈА СИ ПУКАШЕ ВО ЛИЦЕТО ДОБИ НОВО ЛИЦЕ И НОВА ШАНСА ВО ЖИВОТОТКејти Стаблфилд била подложена на 22 операции, пред да се изведе трансплантацијата (Фото: Нешнал џиографик)

    Дваесет и едногодишна жена, која пред неколку години се обидела да се самоубие пукајќи си во лице, стана најмладата личност во САД на која ѝ било пресадено лице.

    Неверојатната приказна за Кејти Стаблфилд е раскажана во новиот документарец на „Нешнал џиографик“ и во неговото печатено издание, под наслов „Приказна за лице“.

    По три години чекање на донор, Стаблфилд беше оперирана минатата година, во историска процедура што траела 31 час.

    Кејти Стаблфилд во 2013 година и по трансплантацијата (Фото: Нешнал џиографик)

    Стаблфилд не се сеќава на моментот кога се обидела да се самоубие во бањата на својот постар брат во Мисисипи во 2014 година, ниту на месеците што следеа. Откако успеале да ѝ го спасат животот, лекарите ја прогласиле нејзината состојба за стабилна дури во почетокот на 2016 година.

    Кејти била подложена на 22 операции, пред да се изведе трансплантацијата, при што било искористено лицето на 31-годишна жена, која починала од предозирање со дрога. Со овој сложен зафат, биле реконструирани коските на лицето и ѝ била повратена способност да џвака, голта и дише. Таа притоа доби нови чело, очни капаци, усни, образи, горна вилица и заби, при што биле користени техники на 3-Д печатење и на виртуелна реалност.

    „Добив втора шанса во животот. Животот е драгоцен и убав“, вели Кејти, откако стана 40. човек во светот на кој му било трансплантирано лице.

    Фотографката Меги Стебер две и пол години ги снимала Кејти и нејзиното семејство.

    „Тие се воини. Тие се како орли кои го штитат својот потомок“, вели Стебер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира