Гробница во непосредна близина на последното почивалиште на Мерилин Монро во Лос Анџелес се продаде на аукција за 195.000 долари. Беше купена од американскиот инвеститор од технолошката индустрија Ентони Џебин, кој кажа дека отсекогаш му било сон да биде покрај Монро.
Гробното место исто така се наоѓа блиску до криптата на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, кој го купи местото уште во 1992 година.
Монро почина на 36 години во 1962 и нејзината гробница ја посетуваат бројни луѓе.
„Секогаш сум сонувал како вечно почивам покрај Мерилин Монро. Истовремено купив кревет на Хју Хефнер и костим за капење на Монро“, изјави Џебин.