АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ УАПСЕН ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ

    АМЕРИКАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ УАПСЕН ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИФБИ вели дека Брус Бегли помагал на други да ги прикријат своите криминали преку перење пари (Фото: Гети)

    Американски професор кој напиша книга за организиран криминал и важи за експерт за перење пари и корупција во Јужна Америка е уапсен под обвинение дека перел пари во Венецуела.

    Седумдесет и тригодишниот Брус Бегли бил пуштен на слобода со кауција од 300.000 долари откако се појавил во федерален суд во Мајами. Професорот на Универзитетот Мајами се соочува со две обвиненија за перење пари и заговор, за што би можел да добие 20 години затвор.

    Бегли е коавтор на книгата „Трговија со дрога, организиран криминал и насилство во Америка денес“, објавена во 2015 година и претходно неколку пати како експерт сведочел во Конгресот и суд.

    Шефот на њујоршкиот оддел на ФБИ Вилијам Свини изјави дека Бегли профитирал од тоа што помагал на други да ги прикријат своите криминали преку перење пари.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари