АПЕРИТИВ СО МОНА ЛИЗА, ВЕЧЕРА СО МИЛОСКА ВЕНЕРА И НОЌ ПОД ПИРАМИДАТА – ПОНУДА НА ЛУВР И „EРБНБ“

    АПЕРИТИВ СО МОНА ЛИЗА, ВЕЧЕРА СО МИЛОСКА ВЕНЕРА И НОЌ ПОД ПИРАМИДАТА – ПОНУДА НА ЛУВР И „EРБНБ“Учесниците на натпреварот треба да одговорат на прашањето: „Зошто сум совршен гостин на Мона Лиза?“ (Фото: Џ. Абрамс)

    Парискиот музеј Лувр заедно со „Eрбнб“ организираат натпревар, на кој наградата е приватна тура низ музејот и ноќ под стаклената пирамида, како дел од одбележувањето на 30-годишнината од поставувањето на стаклената пирамида пред Лувр. Учесниците на натпреварот треба да одговорат на прашањето: „Зошто сум совршен гостин на Мона Лиза?“.

    Мебел за дневен престој пред Мона Лиза (Фото: Џ. Абрамс)

    Победникот на натрпреварот и придружникот на 30 април ќе спијат во мала реплика на пирамидата која ќе биде поставена под самата пирамида. Во нивниот престој е вклучено: вечерна тура низ музејот со историчар на уметност, „аперитив со Мона Лиза додека се одмораат во дневната соба“, „вечера со Милоска Венера“, „релаксација во апартманите на Наполеон Трети за време на интимен акустичен концерт“ и„ ноќ под стаклено небо“.

    Простор за вечера пред Милоска Венера (Фото: Џ. Абрамс )

    „Среќни сме што можеме да го понудиме ова уникатно искуство за двајца добитници да престојуваат во вечерните часови во музејот, во спална соба под пирамидата. Со партнерството со ‘Аирбнб’ се надеваме дека ќе ги поттикнеме луѓето да откриваат колку ремек-делата на уметноста можат да бидат достапни и инспиративни“, вели заменик-директорката за менаџмент на Лувр, Ана-Лора Беатрикс.

    Еден од апартманите на Наполен Трети (Фото: Џ. Абрамс )

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира