Американската вселенска агенција НАСА потврди дека Земјата е безбедна од опасниот астероид Апофис барем во наредните 100 години. НАСА го сметаше Апофис за еден од најопасните астероиди за Земјата по неговото откривање во 2004 година.
Се предвидуваше дека астероидот ќе помине блиску до Земјата во 2029 и во 2036 година, но подоцна ваквите предвидувања беа отфрлени. Мала закана остана за 2068 година.
Но, сега НАСА ја отфрли и таа закана, врз основа на нова анализа на астероидот.
„Удар во 2068 година веќе не се смета за можен и дополнително, нашите пресметки не покажуваат никаков ризик за удар барем во наредните 100 години“, изјави научникот Давиде Фарнокиа, кој ги студира објектите во близина на Земјата за НАСА.
Именуван по античкиот египетски бог на хаосот и темнината, Апофис се проценува дека има дијаметар од 340 метри.