АСТРОНАУТОТ БАЗ ОЛДРИН СЕ ОЖЕНИ НА 93. РОДЕНДЕН, ВЕЛИ ДЕКА Е ВОЗБУДЕН КАКО ТИНЕЈЏЕР

    АСТРОНАУТОТ БАЗ ОЛДРИН СЕ ОЖЕНИ НА 93. РОДЕНДЕН, ВЕЛИ ДЕКА Е ВОЗБУДЕН КАКО ТИНЕЈЏЕРОлдрин, кој стана славен со мисијата Аполо 11 во 1969 година, се венчаше и разведуваше три пати пред да се земе со Фор, која е 30 години помлада од него. (Фото: Инстаграм)

    Баз Олдрин, познатиот астронаут и воен пилот од Корејската војна, објави дека се венчал со својата долгогодишна љубов во Лос Анџелес на неговиот 93. роденден.

    Олдрин е вториот човек што стапна на Месечината, откако беше дел од мисијата Аполо 11, заедно со Нил Армстронг.

    „Задоволство ми е да соопштам дека се венчавме со мојата долгогодишна љубов Анка Фор. Стапивме во брак на мала приватна церемонија во Лос Анџелес и сме возбудени како тинејџери што избегале да се земат“, твитна Олдрин.

    Олдрин, кој стана славен со мисијата Аполо 11 во 1969 година, се венчаше и разведуваше три пати пред да се земе со Фор, која е 30 години помлада од него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира