АТЕНБОРО ОТВОРИ ПРОФИЛ НА ИНСТАГРАМ НА 94 ГОДИНИ И ГО УРНА РЕКОРДОТ НА ЏЕНИФЕР АНИСТОН

    АТЕНБОРО ОТВОРИ ПРОФИЛ НА ИНСТАГРАМ НА 94 ГОДИНИ И ГО УРНА РЕКОРДОТ НА ЏЕНИФЕР АНИСТОНАтенборо собрал над милион следбеници за нешто повеќе од четири часа (Фото: Гети)

    Легендарниот британски природонаучник и ТВ-водител Дејвид Атенборо отвори профил на Инстаграм на 94 години за да ги шири своите еколошки пораки.

    „Се решив на овој чекор, зашто, како што знаете, светот е во неволја. Континентите се во пламен, глечерите се топат, коралните гребени умираат… Листата продолжува и продолжува“, вели Атенборо во своето прво видеообраќање преку оваа платформа.

    Во првиот час тој собра 200.000 следбеници, чија бројка порасна на еден милион за нешто повеќе од четири часа, со што, според Гинисова книга на рекорди, го урна рекордот на Џенифер Анистон од минатиот октомври. За 24 часа неговата порака била прегледана над осум милиони пати.

    Атенборо вели дека ќе ја користи платформата за да споделува видеа во кои ќе објаснува кои се проблемите и како можеме да ги решиме.

    „Ние знаеме што треба да направиме околу климатските промени, само ни треба волја“, заклучи Атенборо.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира