БЕБЕТО РОДЕНО ПОД УРНАТИНИТЕ ВО СИРИЈА ПОСВОЕНО ОД НАЈБЛИСКИТЕ ЖИВИ РОДНИНИ

    БЕБЕТО РОДЕНО ПОД УРНАТИНИТЕ ВО СИРИЈА ПОСВОЕНО ОД НАЈБЛИСКИТЕ ЖИВИ РОДНИНИБебето го доби името Афра, според покојната мајка (Фото: Твитер)

    Девојчето родено под урнатините на уништена зграда во Сирија е посвоено од нејзините тетка и тетин, кои ѝ останаа најблиски роднини по смртта на мајката, таткото и четворицата браќа и сестри во неодамнешниот земјотрес.

    Илјадници луѓе од цел свет се понудиле да го посвојат бебето откако снимката од нејзиното спасување се прошири низ интернет. Таа беше пуштена од болница откако ДНК тест потврдил дека нејзината тетка ѝ е директна роднина. Лекарите кажаа дека бебето е во добра состојба.

    Таа е едно од моите деца сега. Нема да правам никаква разлика помеѓу неа и моите родени деца“, кажа тетинот Халил ал-Савади.

    Бебето го доби името Афра, според покојната мајка. Набргу по спасувањето беше наречено Аја, што на арапски значи чудо. Се верува дека била десет часа под урнатините, откако нејзината мајка се породила среде земјотресот и набргу потоа починала.

    Ова бебе ни значи многу зашто никој не останал од нејзиното семејство. Ние и сите во селото преку неа ќе се сеќаваме на нејзините мајка и татко“, кажа Савади.

    Халил и неговата сопруга Хала сега се грижат за две бебиња, имајќи предвид дека и таа се породила три дена по земјотресот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира