БЕКЕР ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ГО ПРОМЕНИЛ КАКО ЧОВЕК

    БЕКЕР ВЕЛИ ДЕКА ЗАТВОРОТ ГО ПРОМЕНИЛ КАКО ЧОВЕКВекер отслужи осум месеци од две и полгодишната затворска казна (Фото: Гети)

    Борис Бекер изјави дека времето што го поминал во затвор го променило како човек. Педесет и петгодишната тениска легенда минатата недела беше пуштена од затвор во Велика Британија откако отслужи само осум месеци од две и полгодишната казна.

    Мислам дека повторно ја открив личноста каква што бев порано. Научив тешка лекција. Многу скапа. Многу болна. Но, целата работа ме научи нешто важно и добро. А, некои работи се случуваат со причина“, кажа Бекер во интервјуто за германската телевизија „Сат.1“, што во целост ќе се емитува вечерва.

    Бекер беше осуден во април годинава за прикривање милион евра вреден имот при прогласување банкрот. По ослободувањето, тој веднаш отпатува за Германија со цел да избегне депортација.

    Во затвор, вие сте никој. Вие сте само бројка. Мојот беше А2923ЕВ. Бев бројка и гајле им е кој сте“, вели Бекер.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира